Утрински Весник
Македонија

Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав за да се движи напред кон ЕУ

Marta kos.webp.webp

Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес.

Во интервју за бугарскиот БНТ на прашањето како може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени, Кос порача дека верува оти со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Северна Македонија да продолжи.


„Ова е многу добро прашање и би била многу среќна ако го искористиме овој момент на проширување и за Северна Македонија. Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Северна Македонија. Секако, владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ. Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Северна Македонија.“

Можете да прочитате

Минчев: Помалку процедури, повеќе резултати – администрација во служба на граѓаните

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев

Уште еден починат од западнонилска треска: досега вкупно 11 смртни случаи