Утрински Весник
Македонија

Викендов ќе има сонце, но останува студено, особено наутро и со мраз

T2m 041 Crop.png

До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.

Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност. Во недела во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.

И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите и планинските места тие би можеле да бидат и пониски. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12, 13 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)