Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Поројни врнежи, локално со грмежи, а во недела и продор на поладен воздух од север

Dozd.jpg

Променливото време со повремени локални врнежи од дожд ќе се задржи и за време на овој викенд во нашата Република Македонија. Локално врнежите ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. И во Скопје и околината очекуваме слично време, а тоа е, појава на повремен дожд кој во делови од котлината би можел да биде и пороен, проследен со ретки грмежи. Релативно високи натпросечни температури ќе имаме и утре (сабота 1 март).

Во недела (2 март) поради продор на поладен воздух од север, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Со понатамошниот пад на температурите, во недела (2 март) доцна попладне и навечер снежната граница ќе се спушти до околу, па и под 1000 метри, особено во северозападните, северните и во североисточните предели од нашата Македонија, па така услови за појава на повремен послаб снег ќе има и во повисоките населени места.


Ладниот водух во недела (2 март) ќе биде проследен и со повремено засилен ветер од северен правец. Во недела максималните дневни температури на воздухот ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имаме сега и тоа за 5 до 6 степени, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа во недела навечер тие ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање.

И на околните планини во Скопје во недела врнежите од дожд ќе премина во повремен снег.

Можете да прочитате

УЈП со важно соопштение за граѓаните

Случајот со професионалниот војник кој беше фатен со дрога, „воена“ тајна

И покрај дождот, водата во Охридското Езеро видно повлечена (ФОТО)