Утрински Весник
Свет

(Видео) Запалена зградата на општинската зграда во Бордо на протестите против пензинската реформа во Франција

(Видео) Запалена зградата на општинската зграда во Бордо на протестите против пензинската реформа во Франција

Општинската зграда во францускиот град Бордо беше запалена на протестите кои се одржуваат низ целата земја против подигање на старосната граница за пензионирање.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од милион луѓе демонстрираа вчера, а околу 120 илјади граѓани излегоа на улиците во Париз. Полицијата во главниот град употребила солзавец за растурање на собирот, а 80 луѓе биле приведени низ Франција.

„Не се согласувам со оваа реформа и уште повеќе не се согласувам со фактот дека демократијата повеќе не значи ништо“, изјавил еден од демонстрантите за Ројтерс.

Затворени беа и популарните туристички атракции, како Ајфеловата кула или Палатата Версај. Протестите се разгореа откако претседателот Емануел Макрон реши да го заобиколи Парламентот и да ја подигне границата за пензионирање од 62 на 64 години.

Протестите предизвикаа прекини во железничкиот сообраќај, како и во работата на рафинериите за нафта, а вчера со работа прекинаа и наставниците и вработените на аеродромот Шарл де Гол. Протести имаше и во Нант, Руан и Рен, јави Би-Би-Си.

Од јануари имаше девет дена протести, а синдикатите повикаа на продолжување следниот вторник, што ќе се совпадне со најавената официјална посета на британскиот крал Чарлс Трети на земјата.

 

Можете да прочитате

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата

Лажни дојави за поставени бомби на европските летови – неколку авиони извршија принудно слетување

ЕУ ги повика граѓаните да подготват храна и вода за 72 часа – од што стравува Европа?