Утрински Весник
Свет

(Видео) Вучиќ потпиша наредба: Армијата на Србија е ставена на највисоко ниво на борбена готовност

(Видео) Вучиќ: Шведска побара од нас да воведеме санкции против Русија

Српскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво.

dobivaj vesti na viber

Тој наредил итно движење во правец на административната линија со Косово и Метохија, дознава „Новости“.

Како што пренесува овој медиум, Вучиќ на овој потег се одлучил поради, како што рече, насилството што специјалната полиција на косовскиот премиер Албин Курти го спроведува врз српскиот народ во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Тој, исто така, побара од НАТО итно да престане со насилството врз Србите.

Припадници на косовската полиција попладнево ги опколија зградите на општините во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, по што се вклучија сирените што жителите од тие области ги активираат за да алармираат на опасност.

Сирените за тревога се огласија и во Северна Митровица, а во Лепосавиќ нема сигнал за мобилен телефон, јавува „Косово онлајн“.

Косовската полиција фрли солзавец пред зградата на општина Звечан за да ги растера насобраните Срби. Некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале три детонации. Се претпоставува дека се работи за шок бомби.

Можете да прочитате

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили

Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца

Американската централна банка потврди рекордна загуба