Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Кина 70 крокодили избегаа од фарма по поплава

(Видео) Во Кина 70 крокодили избегаа од фарма по поплава

Десетици крокодили кои побегнаа од фарма за размножување во Кина минатата недела по поплавите се фатени, објавија државните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 70 од овие влекачи избегаа во близина на градот Маоминг, во провинцијата Гуангдонг на југот на земјата, искористувајќи ја поплавата што предизвика излевање на езерото по минувањето на тајфунот.

Локалните власти почнаа масовен лов на крокодили, а државната телевизија CCTV покажа дека спасувачите користат јажиња за да го извлечат крокодилот од водата.

„Сите сијамски крокодили што избегаа беа заробени, а последниот беше извлечен на брегот ноќта на 18 септември“, објавија државните медиуми.

Меѓу избеганите крокодили имало 69 возрасни и двајца млади, пишуваат медиумите.

Во Кина, крокодилите се одгледуваат поради нивната кожа и месо, а понекогаш се користат и во традиционалната медицина.

Покрај тоа што е познат по „најголемата фарма за крокодили“ во земјата, регионот погоден од поплавите е дом и на тематски парк посветен на крокодилите, според Кинеското национално радио.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела