Утрински Весник
Македонија

Под контрола е пожарот крај пругата во Прилеп

Image 2026 10 03 173607129.png

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат од ЈП „Комуналец“-Прилеп пожарот избувнал крај железничката пруга во близина на Стопанскиот двор на Комуналец.

„Во моментов пожарот кој избувна покрај железничката пруга во близина на Стопанскиот двор на Комуналец е ставен под целосна контрола и нема никаква опасност и не може да префрли и го загрози платото за доселекција на селектираниот отпад. На терен се делува со неколку противпожарни возила од ТППЕ и вработени од Комуналец, кои делуваат со цистерни и градежна механизација, а се врши и посипување со земја. Според нашите информации пожарот е предизвикан веднаш по поминувањето на возот на релација Прилеп – Битола. Замолуваме да не се шпекулира со дезинформации и да се шири страв и паника кај населението, зашто од Стопанскиот двор во Комуналец зафатен е мал дел исклучиво покрај пругата. Пожарот веќе е ставен под целосна контрола, а за причините за настанување на пожарот ќе информираме кога ќе имаме точна и целосна информација“, стои во објавата на Фејсбук профилот на комуналното претпријатие.


Можете да прочитате

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста мора да биде пред адреналинот – наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев