Утрински Весник
Македонија

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Собранието – има и повредени лица

Whatsapp image 2026 08 04 at 12.13.21.jpeg

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на Собранието во центарот на Скопје, при што, според првичните информации, повредени се две лица.

На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман.

Во судирот учествувале две патнички возила, кои се видно оштетени, а од силината на ударот бил урнат и семафорот на раскрсницата. Според очевидци, возилата се движеле со голема брзина пред да дојде до силниот судир.

На терен интервенира и полицијата, која врши увид и го регулира сообраќајот. Засега не се познати причините за несреќата, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп