Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

(Видео) Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне за одговорност на Тупанчески и Андов?

„Уште еден затвореник му избега на `Сокол` од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели. Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната“ рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски смета дека „ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор“.

„Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?“ вели Стоилковски.

Напоменува дека „затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчески“.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор