Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и за членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки

(Видео) Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и за членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки
300x250 (7)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето премиерот Ковачевски посочи дека во 2022 година Владата се посвети на двата важни правца за граѓаните и за државава, економијата и европските интеграции и паралелно ги решаваше предизвиците од глобалната економско-енергетска криза. Притоа направени се значајни постигнувања, кои отворија нови можности за крупни исчекори на двата плана во 2023 година, за што премиерот Ковачевски повика на општествено и политичко обединување.

Ss1

„Можеме да ја поминеме секоја пречка, можеме да го решиме секој предизвик, има решение за секој проблем. Само ако останеме фокусирани на приоритетите. И тоа ќе продолжиме да го правиме. Пред нас е година на нови можности за кои напорно работевме и за кои создадовме предуслови во текот на минатата година. И заедно со сите вас подготвен сум да водам по единствениот и избраниот пат до целта. 2022 година беше полна со предизвици во геополитички контекст. Во годината зад нас, што се совпаѓа со годишнината од мандатот на оваа Влада, можевме многу лесно да бараме оправдувања зошто нешто не може. Или можевме да се водиме од тоа како нешто може: како да направиме, да подобриме, да унапредиме. И ние одлучивме токму вака да работиме. За оваа една година од премиерскиот мандат, имав можност да се сретнам со многу луѓе од разни средини. Најмногу време посветив надвор од канцеларијата затоа што знам дека во најголем дел меѓу луѓето се вистината, знаењето и решенијата. И гледам дека има многу работници, земјоделци, учители, лекари, има и сопственици на големи компании и занаетчии и сопственици на мали фирми, кои работат напорно, многу напорно, за да обезбедат егзистенција за себе, за своите семејства, за своите вработени. И со даноците што ги плаќаат придонесуваат и во напредокот и изградбата на нашата држава. Некои од тие луѓе се овде во салата, други ќе нè слушнат преку медиумите, трети можеби нема ни да нè слушнат, преокупирани во обврските. Но, сите тие – вие сте мојата мотивација и изворот на сила и верба, дека овој пат што го одиме, сите деноноќни заложби да се обезбедат потребите на граѓаните, да се обезбеди европската иднина на државата, со сите кочници и блокади, објективни или со намера, дека сето тоа – вреди. Вреди, затоа што води до светла цел – добро за сите нас и за сите наши граѓани и за нашата држава“, изјави Ковачевски.

Ковачевски истакна дека во 2022 година, во услови на една од најголемите светски кризи во Европа, Владата успеа да ги заштити егзистенцијата и стандардот на граѓаните од енормните поскапувања на храната и на струјата предизвикани од светската, економско-енергетска криза и од војната што се води во Украина. Ги зголемивме минималната плата, просечната плата и пензиите. Им помогнавме на компаниите да ги задржат вработените. Во кризната 2022 година за целиот свет, ние имаме и нови инвестиции во државата со новоотворени работни места. Имаме и највисока реализација на капиталните инвестиции, највисоко ниво од осамостојувањето на државата. Но, првпат од независноста на државата донесовме и низа системски и стратегиски одлуки и решенија, со кои конкретно се насочивме кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и стратешко домашно производство на енергија тргнувајќи од природните потенцијали на нашата земја: плодна земја, сонце, ветар и вода.

Додаде дека поставиле јасни економски и европски цели и во тие два правца ќе го унапредуваме развојот на државата. 2023 е година на нови можности затоа што во 2022 поставивме здрави основи.

„Ја зголемивме минималната нето-плата во март 2022 година на 18.000 денари месечно. Тоа е за 3.000 денари повисока минимална плата од претходната година во април кога изнесуваше 15.000 денари. Со измените и дополнувањата на Законот за минималната плата, што ги донесовме во 2023 година, во согласност со порастот на трошоците на живот, минималната плата ќе изнесува околу 20.200 денари. Покачена е и просечната нето-плата, на 33.000 денари во ноември 2022 година, според податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е за 4.000 денари повеќе од претходната година во истиот месец кога изнесуваше 29.000 денари. Покачувањето на минималната плата извесно ќе влијае и на понатамошно зголемување на просечната плата. Ги покачивме и пензиите во 2022 година и обезбедивме редовна и предвремена исплата, а следува и ново покачување во оваа година. Околу 330 илјади пензионери во државата веќе земаат повисоки пензии почнувајќи од ланската септемвриска пензија. Пензиите во 2022 година пораснаа 10 проценти, што е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година“, изјави Ковачевски.

Премиерот се осврна и на проектите што се реализираат во образованието и здравството.

„Во образованието завршена е изградбата на 3 училишни објекти и уште 3 се во фаза на градба. Завршена е реконструкцијата на 29 училишни објекти и почната е во 21 училиште. Како што најавиме, следува реконструкција на 118 училишни објекти во целата држава. И ќе почнеме со целосна реконструкција на сите 9 државни студентски дома. Во здравството реализирана е набавка на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи во соработка со Светската банка, за кои инсталацијата е во тек, а вкупната вредност на инвестицијата е 13,6 милиони евра. Обезбедени се и нов линеарен акцелератор, нов апарат за зрачна терапија, нова магнетна резонанција, нов компјутерски томограф“, изјави Ковачевски.

Тој наведе дека само во 2022 година повратот на ДДВ изнесува над 727 милиона евра, што е и највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес. Со ова дополнително ги поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите и го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните од 1.800 денари на 2.100 денари за тримесечје. Со овој штедлив и одговорен начин на работа и фокус кон потребите на граѓаните ги донесовме навреме и антикризните мерки.

Ковачевски истакна дека оваа Влада во јули минатата година донесе нови храбри и мудри одлуки, со кои, по 17 години од добиениот кандидатски статус, благодарение и на одлуката на парламентарците во македонското Собрание, ги почнавме преговорите со Унијата. Од ЕУ веќе добивме прва транша буџетска поддршка за справување со последиците од светската криза, во износ од 80 милиони евра.

Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамките на преговарачкиот процес е нешто што од нас зависи. Во оваа 2023 година ја имаме најголемата шанса досега да ги забрзаме преговорите и до 2030 година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Ги почнавме преговорите со целосно заштитен македонски јазик, а со тоа и македонски идентитет и тоа е веќе кристално јасно. За сите надвор, се надевам и за сите добронамерни дома. Македонскиот јазик е признаен и прифатен рамноправно меѓу европските јазици за што конкретен доказ е веќе потпишаниот договор со ФРОНТЕКС. Почитувањето, вреднувањето, зајакнувањето и унапредувањето на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет зависат најмногу од нас самите тука дома. Нашата историја, традиција и јазик, што сме ги наследиле од нашите предци и за што е дадена вековна огромна жртва, никој и никогаш не може да ни ги земе“, изјави Ковачевски.

Премиерот повика на обединување за новите можности што ги носи 2023 година.

Ss1

Можете да прочитате

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика