Утрински Весник
Свет

(Видео) Со питон во рацете претепал минувач на улица во Торонто

(Видео) Со питон во рацете претепал минувач на улица во Торонто
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полицијата добила дојава дека маж им се заканува на случајни минувачи со змија во близина на раскрсница во Торонто.

dobivaj vesti na viber

„Дошло до физичка пресметка и мажот употребил питон за да ја нападне жртвата“, соопшти полицијата.

На социјалните мрежи кружи видео како маж замавнува со змија и со неа удира друг човек. Жртвата се обидува да се одбрани, но мажот продолжува да го тепа со змијата.

Наскоро пристигнува полицијата која ја раскинува тепачката и го принудува напаѓачот да легне на земја.

Мажот беше обвинет за напад со оружје и злоупотреба на животни. Тој се појави во судот преку видео врска и му е одреден притвор, пренесуваат локалните медиуми.

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода