Утрински Весник
Економија

(Видео) Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки

(Видео) Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки
300x250 (7)

Владата предводена од СДСМ во континуитет инвестира во детската заштита како еден од клучните столбови на детскиот развој. Од 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки во целата држава, со опфат од речиси 5.500 деца. Важно е да се напомене дека некои од овие градинки се наоѓаат во рурални или во општини во кои досега воопшто немало детски градинки, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа наведе дека само во 2022 година изградени се нови или имало доградба на 10 градинки, и тоа во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава. За оваа година планирани се изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата.

Ss1

Шкријељ истакна дека, освен во објекти, Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал. Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија речиси 21 % повисока плата. Со колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и на стручниот кадар во градинките од септември 2022 година се покачи 15 отсто.

СДСМ како одговорна, државотворна партија и во време на светска економска и енергетска криза продолжи со вистинска грижа за сите граѓани. Продолжуваме да инвестираме во сè она што е важно за нашите граѓани, за нашето општество, рече Шкријељ.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање