Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шамбевски: Градскиот комитет на УМС со 20-метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев“ порача – „Гоце е Македонија“

(Видео) Шамбевски: Градскиот комитет на УМС со 20-метарско платно од студентскиот дом „Гоце Делчев“ порача – „Гоце е Македонија“

Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешното чествување на роденденот на нашиот великан Гоце Делчев во истоимениот студентски дом направи акција за да ги потсетиме сите дека Гоце е Македонија, дека Гоце Делчев е фигура што обединува и да кажеме НЕ на сите обиди на македонската Влада или на некои странски влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби и раздор во македонското општество, истакна на денешната прес-конференција Борис Шамбевски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека на овој чекор се решиле бидејќи сите сме сведоци на невештото и по малку сервилно и недостоинствено постапување на властите во Македонија почнувајќи од претседателот, парламентарното мнозинство и Владата, кои чествувањето на споменот на нашиот великан го направија безбедносно прашање за кое дури заседаваше и Советот за безбедност.

Шамбевски потенцира дека Гоце е најобединувачката фигура во македонската историја, дека Гоце е Македонија и дека аманетот на неговото дело, чиј плод е независна Република Македонија, ниту ќе биде заборавен ниту ќе биде напуштен од овој народ и обидите на Владата со дејствување и недејствување да ја искористи оваа најсветла фигура од македонската историја за понатамошна поделба на македонското ткиво не може и нема да им успее.

Тој наведе дека дел од аманетот на Гоце е онаа славна и визионерска реченица за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. И во тој дух ги повикувам сите млади луѓе на мирно и достоинствено одбележување на споменот на овој великан онака како што нему и нам ни прилега, но оние било од земјава или од надвор што ќе се обидат да го злоупотребат овој лик за создавање поделби во ова општество, ниту му мислат добро ниту се достојни на ликот и делото на Гоце, а оние што доаѓаат од странство, ниту пожелни во оваа држава.

Сите други, без разлика дали од земјата или од странство, се добредојдени да му се поклонат на овој македонски великан. Ова ви го кажува човек во чие семејство има жртви за идејата на Гоце – независна Република Македонија, рече Шамбевски.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“