Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават штета врз ликот и делото на Гоце Делчев

(Видео) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават штета врз ликот и делото на Гоце Делчев

Да го кажам апелот од страна на СДСМ, од страна на Извршната власт до секој еден Македонец, Албанец, Турчин, Ром , Влав, Србин и други, да бидеме доследни, да бидеме како и многу пати до сега добри домаќини. Државата преку своите институции покажа дека функционира, институциите секогаш се на висина на својата задача, рече на денешната прес конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Страшно е она што го прави ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев. Едноставно ликот и делото на Гоце Делчев не го заслужуваат ова. Мицкоски по којзнае кој пат како наследник на ликот и делото на Ванчо Михајлов, како лидер на партија која што градеше споменик на Ќосето, како партија која што ги воспеваше по нивните партиски настани Ванчо Михајлов и Тодор Александров уште еднаш сака да зоврие тензии во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев“, додаде Костовски.

Граѓаните, вели тој, се доволно свесни и повторно ќе ја покажат својата одговорноост кон обидот на ваквите фрустрирачки обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пред се да направат нервоза, вознемирување кај Македонците и да на некој начин го попречат се она што досега го имаме стекнато како партија во делот на евроинтегрирањето на државата.

Можете да прочитате

Приведени двајца скопјани осомничени за кражба на сеф од маркет во Црниче

Мицкоски повикува на национално единство откако претходно се испокара со пола коалициски партнери

Петровска: Нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија