Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна ресторан во Мајорка има жртви и повредени

Gosrrmpxeaaf658.jpeg

Две лица загинаа, а десетина се повредени при уривање на тераса на ресторан во двокатна зграда на шпанскиот остров Мајорка, соопштија спасувачките служби. Најмалку четворица загинати и десетици повредени по уривање на ресторан во Палма де Мајорка.
Ресторанот ‘Медуза бич клуб’ се наоѓа на приземјето од зградата Плаја де Палма“,стои во една објава на социјалната мрежа Икс. Алерта њуз јавува дека во несреќата загинале четири лица, а 27 се повредени. Несреќата се случил попладнево во ресторан лоциран во област популарна кај странските туристи, јавија локалните медиуми. На местото на несреќата пристигнале повеќе пожарникари, полицајци и возила на брзата помош. Балеарските острови се втората најпосетувана туристичка дестинација во Шпанија, по Каталонија. Во 2023 година, според официјалните бројки, ги посетиле повеќе од 14 милиони туристи.

Можете да прочитате

(Видео) Летаа столици и шишиња – Срби и Англичани се истепаа во Германија

Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина

Холивудските ѕвезди собраа 28 милиони долари за кампањата на Бајден