Утрински Весник
Свет

(Видео) Руските медиуми: „Главниот командант на Црноморската флота е жив и здрав, седи до Шојгу“

(Видео) Руските медиуми: „Главниот командант на Црноморската флота е жив и здрав, седи до Шојгу“

Главниот командант на руската Црноморска флота, за кој официјален Киев тврдеше дека е убиен, е жив и здрав, јавуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Од Киев беше соопштено дека вооружените сили на Украина користеле британски ракети Storm Shadow во нападите на руската Црноморската флота во Севастопол, при што, како што понатаму се тврди, командантот на таа флота, адмирал Виктор Соколов, исто така беше убиен.

Меѓутоа, адмиралот Соколов се појави на денешната средба во руското Министерство за одбрана седејќи веднаш до началникот на Генералштабот на руската армија, Сергеј Шојгу, објави „Спутник“.

Можете да прочитате

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони

Зетот на Трамп: Утре патуваме за Москва на средба со Путин

„Денес се фрижидери, утре рутери“: ЕУ предупредува на нови хакерски напади