Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ристовски и Адеми спектакуларно пречекани пред „Максимир“ по триумфот во Риека

Screenshot 2024 05 06 101412.jpg

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб е пред освојување на нова титула откако во дирекна пресметка како гостин со пресврт ја совлада Риека (1:2). На три кола пред крајот „модрите“ од Максимир имаат четири бода предност. Тимот на Динамо за кого настапуваат македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми по полноќ имаше спектакуларен дочек пред „Максимир“, некаде околу 1:30 часот по полноќ. Прв од автобусот излезе Стефан Ристовски кои преку социјалните мрежи испрати и порака до навивачите на Риека, клуб со кој во минатото ја освои шампионската титула. Во текот на целиот натпревар, Ристовски добиваше навреди од трибините кон неговото семејство и неговата мајка која е почината и покрај тоа што некогаш важеше за еден од милениците на публиката во Риека. -Не ве мразам, но ја загубивте сета моја почит. Семејството е над фудбалот. Над сѐ“, напиша Ристовски и стави хаштаг #zatebemajko.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл