Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина

(Видео) Путин се обрати на јавноста, ветува обнова на окупираните територии во Украина

На првата годишнина од руската анексија на украинските региони Керсон, Запорожје, Доњецк и Луганск, рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ги обнови областите зафатени од војна.

dobivaj vesti na viber

„Училиштата, болниците, станбените згради и патиштата, музеите и спомениците ќе бидат обновени и реконструирани“, рече Путин во видео пораката објавена од Кремљ.

Сите руски региони ќе ја дадат својата „братска помош“ во напорите за обнова, додаде тој.

По непризнаените референдуми, Путин потпиша договор со лидерите на четирите окупирани региони на 30 септември 2022 година, кои во очите на Москва станаа дел од Руската Федерација.

Украина ја продолжува својата контраофанзива со надеж дека ќе ги ослободи тие територии.

„Пред нас е голема задача и решение за тешките предизвици, спроведување на голема програма за обнова и социо-економски развој на нашите историски региони“, продолжи Путин во видео пораката.

„И сигурно ќе ги постигнеме поставените цели“, додаде тој.

Рускиот претседател анексијата на територијата ја нарече „историски и судбоносен настан“.

Тој им се заблагодари на граѓаните на територијата чија решителност уште повеќе ја зајакна Русија:

„Ние сме еден народ. И заедно совладуваме се, наоѓаме одговори на сите предизвици“.

Дури и по повеќе од една и пол година војна, Русија не контролира целосно ниту еден од четирите анектирани региони.

Украина, исто така, успеа да врати делови од територијата за време на повеќемесечните борби.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење