Утрински Весник
Свет

(Видео) Путин пристигна на Крим

(Видео) Путин пристигна на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на Крим на годишнината од повторното обединување на полуостровот со Русија, пренесува РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

На денот на деветгодишнината од обединувањето на Русија и Крим, Путин пристигна во Севастопол на отворањето на уметничкото училиште и центарот Корсуњ во Херсонез.

Крим и Севастопол ја слават деветгодишнината од приклучувањето кон Русија. Тие станаа руски региони на 18 март 2014 година на референдум, кој се одржа по државниот удар во Украина.

За повторно обединување со Русија гласаa 96,77 отсто од гласачите на Република Крим и 95,6 отсто од жителите на Севастопол.

Украина го смета полуостровот за своја привремено окупирана територија, а Западот ја поддржува во тоа.

Москва повеќепати изјавува дека жителите на Крим ја донеле својата одлука демократски, со целосно почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН. Според Путин, прашањето за Крим конечно е затворено.

Можете да прочитате

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Путин: Распоредуваме тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Невреме во Хрватска, град и снег ги побеле населбите покрај Јадранот