Утрински Весник
Свет

(Видео) Пуч во Судан – експлозии одекнуваат од сите правци, има мртви

(Видео) Пуч во Судан – експлозии одекнуваат од сите правци, има мртви

Најмалку тројца цивили наводно загинале во судирите меѓу суданската армија и паравоените сили во главниот град Картум.

dobivaj vesti na viber

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) соопштија дека ја презеле контролата врз претседателската палата, резиденцијата на началникот на армијата и меѓународниот аеродром во Картум во текот на денот во очигледен обид за државен удар додека избија судири со армијата.

РСФ, која ја обвини армијата дека нападнала прва, исто така соопшти дека ги зазела аеродромите во северниот град Мероу и во Ел Обеид, на западот на земјата.

Суданските воздухопловни сили спроведуваат операции против РСФ, соопшти војската. На снимката се гледа воен авион на небото над Картум, но Ројтерс не може самостојно да ја потврди автентичноста на снимката.

Претходно РСФ објави дека војската опколила една од базите на оваа паравоена група и отворила оган со тешко оружје.

Насилството избувна по неколкудневни тензии меѓу армијата и РСФ, моќна паравоена група на чело со генералот Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемети.

Ова ја зголеми загриженоста за можен конфликт што ќе ги поткопа долготрајните напори за враќање на Судан во цивилно владеење по борбите за моќ и воените удари. Сведок за Ројтерс изјави дека се слушнале пукотници во близина на седиштето на суданската армија и Министерството за одбрана во центарот на Картум.

РСФ денеска соопшти дека војската опколила една од нивните бази и отворила оган со тешко оружје.

Армијата во четвртокот соопшти дека неодамнешните движења на РСФ биле некоординирани и незаконски.

Суданската армија предупреди во четвртокот на ризикот од конфронтација по мобилизацијата на моќна паравоена група, пренесе британската агенција.

Можете да прочитате

Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

Трамп: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат

Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина, изјави Трамп по состанокот во Алјаска