Утрински Весник
Македонија

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

Pravda.jpg

Министерот за правда Игор Филков  заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ )  го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази:


7%зголемување  од 1 март 2026 година;

7% дополнително зголемување  од 1 март 2027 година;

7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Колективниот договор дополнително предвидува:

-Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.

-Јубилејни награди

-Регрес за годишен одмор

-Заштита од вознемирување на работното место

-Мерки за безбедност и здравје при работа

За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч