Утрински Весник
Македонија

(Видео) Преполни контејнери, расфрлан отпад и смрдеа во дел од Аеродром

(Видео) Преполни контејнери, расфрлан отпад и смрдеа во дел од Аеродром

Преполни контејнери, отпад расфрлан и околу нив, смрдеа. Ваква е сликата во Општина Аеродром, позади „Тобако 2“, кај новите згради. Жителите се жалат дека ова се случува често.

dobivaj vesti na viber

Станари кои живеат во непосредна близина каде се поставени контејнерите за отпад коментираат дека не можат да излезат на терасите, а затвораат и прозори од неподносливата миризба.

Задолжени за празнење на контејнерите се вработените во јавното претпријатие „Комунална хигиена-Скопје“. „Макфакс“ побара став зошто контејнерите се неиспразнети, а отпадот е расфрлан долж улицата – како и дали гледаат кај себе вина за ваквата слика. Оттаму очекуваме одговор.

Од претпријатието, утрово соопштија дека прават редовни контроли на терен за непрописно одлагање отпад. Затекнале 51 лице кое не постапува според правилата.

Можете да прочитате

11,1% повеќе туристи во првите шест месеци

Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога

Џафери не сакаше да се тргне од говорница, зборуваше пред исклучен микрофон оти не доби збор