Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожар во зграда на Малдиви, загинаа десет странски работници

(Видео) Пожар во зграда на Малдиви, загинаа десет странски работници

Најмалку десет лица, од кои девет индиски државјани, загинаа во пожар што избувна денеска во зграда за сместување странски работници во главниот град на Малдивите, Мале.

dobivaj vesti na viber

– Пронајдовме 10 тела, рекол шефот на противпожарната служба и додал дека биле потребни четири часа за да се изгасне пожарот, пренесува НДТВ.

Малдивиските власти соопштија дека процесот на идентификација на жртвите е во тек, а индиската амбасада изрази жалење за загубата на животи.

Малдивите вработуваат голем број странски работници, претежно од Бангладеш и Индија, а нивните домови, особено во Мале, генерално се пренатрупани,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Русија: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Мелони руши рекорд: Нејзината влада е најдолготрајна од Втората светска војна

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна