Утрински Весник
Македонија

(Видео) Полиција околу „Св. Спас“: пристап до гробот на Гоце Делчев имаат само лица со дозвола

(Видео) Полиција околу „Св. Спас“: пристап до гробот на Гоце Делчев имаат само лица со дозвола

Полициско обезбедување на улицата Самуилова има и утринава, а во пресрет на утрешното чествување на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Околу местото кружат и полициски патроли бидејќи утрешниот настан е проценет како од висок ризик. Затворањето на „Самуилова“ се протега на потегот од улицата Иљо Војвода (вијадукт Самуилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчињски.

dobivaj vesti na viber

Пристапот до црквата „Свети Спас“ ќе биде дополнително ограничен во текот на утрешниот ден. Пристап ќе имаат акредитирани новинари и лица што ќе имаат дозвола, а настанот ќе се одвива по строг протокол. Веќе е познато дека МВР според безбедносна процена ќе запира и Бугари, кои ќе сакаат да влезат во Македонија, а претставуваат ризик за нашата држава.

На одбележувањето навивачката група „Комити“ повика да се одбрани Гоце Делчев. Присуство најавија бугарски делегации бидејќи чествувањето ќе биде заедничко. Европратеникот Ангел Џамбаски, кој го негира постоењето на македонскиот народ, исто така најави дека ќе дојде на гробот во „Свети Спас“.

Во изминатите два дена претседатели на одредени политички партии и претседатели на граѓански патриотски здруженија биле повикувани на разговор во полициска станица, а поводот бил чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“