Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петрушевски: Градоначалникот на Крива Паланка е избран да се грижи за народот, а не да тепа граѓани – затоа да си поднесе оставка

(Видео) Петрушевски: Градоначалникот на Крива Паланка е избран да се грижи за народот, а не да тепа граѓани – затоа да си поднесе оставка
Ss2

Насилството стана белег на СДС и неговите функционери. Навредуваат, етикетираат, а сега веќе почнаа и граѓани да тепаат. За жал, најдобар пример за тоа е градоначалникот на Крива Паланка, кадар на СДС, Сашко Митовски, кој на 14 јануари во алкохолизирана состојба и без никаква причина нападнал полицаец, граѓанин, а згора на сето тоа вршел притисок врз жртвата да не го пријавува случајот, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Петрушевски додаде дека МВР на Спасовски и правосудните институции под контрола на СДС да не помислуваат да го забошотат случајот. На МВР му требаа 4 дена да го објави овој случај, периодот што, најверојатно, бил искористен да се вршат притисок. Но, видоа дека притисокот на јавноста е голем и народот веќе не им се плаши. Ваков скандал на насилство на градоначалник врз граѓанин не може да помине само со укор, условна казна или ослободителна пресуда за Митовски.

Ss1

Овој човек не заслужува да ја врши функцијата градоначалник. Бил избран од народот да работи за нивните интереси, а тој позицијата на моќ ја користи да ги тепа граѓаните и да врши притисоци. Затоа овој случај не е обичен случај на насилство забележан во полицискиот билтен. Затоа Митовски треба да си поднесе оставка, за да не влијае на постапката и да не го повтори делото во некоја негова нова афектна состојба. Доаѓа време за одговорност, рече Петрушевски.

Ss1

Можете да прочитате

ДИК: Сите гласачки места отворени навреме, пријавени помали технички проблеми

Тошковски: Досега нема посериозни нарушувања на изборниот процес

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани