Утрински Весник
Македонија

(Видео)Петкова: Се уште нема разрешница за скандалот со 10 месечното бебе во Гевгелија

(Видео)Петкова: Се уште нема разрешница за скандалот со 10 месечното бебе во Гевгелија

„Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница. Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба. Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност“ рече на денешната прес-конференција Ангелина Петкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Пратеничката вели дека „директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби“.

„Јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот. Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело“ вели Петкова.

Таа тврди дека „изговорот дека станувало збор за “детска игра” меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста“, па затоа ја повика министерката Тренчевска „да ја разреши директорката Стефановска и да побара одговорност од сите вклучени во овој случај“.

Можете да прочитате

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk