Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

(Видео) Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата „Св. Спас“.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот Штајнмајер, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации, двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.

Можете да прочитате

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот

Подруми, шахти, канали и стоечки води: Ова се ризичните точки за комарци во Скопје