Утрински Весник
Свет

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал

Катар за првпат призна: Стотици работници загинаа при работа за Светското првенство во фудбал
Ss2

Шефот на Светското првенство во Катар, Хасан Ал-Тавади за првпат потврди дека стотици работници – мигранти загинале за време на градежните работи поврзани со првенството. Станува збор за, како што рече, 400 до 500 работници, што е неспоредливо поголема бројка од онаа што претходно ја наведоа катарските власти.

dobivaj vesti na viber

Во интервју со Пирс Морган што се емитуваше на TalkTV во понеделникот, Ал-Тавади, на прашањето за бројот на смртни случаи на работници мигранти како резултат на работата поврзана со Светското првенство, рече: „Проценката е околу 400, помеѓу 400 и 500. Немам точна бројка. И една смрт е премногу, тоа е така. Мислам дека секоја година се подобруваа безбедносните стандарди на градилиштата, барем на нашите градилишта, градилиштата за Светското првенство, оние за кои сме одговорни. Апсолутно“, рече тој.

Img 5587

Претходно во ноември, владин претставник изјави за Си-Ен-Ен дека имало три смртни случаи поврзани со работа на стадионите на Светското првенство и 37 смртни случаи кои не биле поврзани со работата на самите градилишта на стадионот.

Гардијан, од друга страна, минатата година објави дека 6.500 работници мигранти од Јужна Азија загинале во Катар откако земјата го доби Светското првенство во 2010 година, и дека повеќето од загинатите работници биле вклучени во опасна работа за ниски плати, често на екстремна топлина. Но, тој извештај не ги поврза сите 6.500 смртни случаи со инфраструктурни проекти на Светското првенство.

Минатата година Ал-Тавади ја оспори бројката, велејќи за „Си-Ен-Ен“ дека бројот на Гардијан е сензационалистички, погрешен наслов и дека во извештајот недостига контекст.

Во меѓувреме, катарскиот владин функционер за Си-Ен-Ен минатиот месец изјави дека бројот на загинати од 6.500 што се припишува на Светското првенство всушност се однесува на сите смртни случаи на странски работници во земјата во период од 10 години. „Ова не е точно и ги игнорира сите други причини за смрт, вклучувајќи болест, старост и сообраќајни несреќи.

Според Амнести интернешнал, работниците мигранти сочинуваат 90 проценти од вкупната работна сила во Катар.

Откако Катар го доби Светското првенство во 2010 година, многу работници мигранти се соочија со одложени или неисплатени плати, принудна работа, долги часови на високи температури и други проблеми.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина