Утрински Весник
Македонија

(Видео) Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш

(Видео) Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш

„СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш. СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на сите криминали кои ги прават во изминатите 6 години. Со измени во Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот“, рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Овие законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДС и ДУИ од 2017 година до денес, за сите тендери и набавки во РЕК Битола, ЕЛЕМ, М-НАВ, МВР, буквално за сите кои беа извршители и испумпуваа буџетски пари во милионски износи.

СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат обвинителството и судовите под нивна контрола кога ќе се смени власта, а со тоа не можат да прават притисок да не бидат покренати обвиненија и да бидат осудени, и токму затоа ги намалуваат казните.

На сето ова параван е Левица, која не гласаше против, и не направи ништо конкретно во Собранието против носење на овој закон.

Ковачевски е лидер на СДС кој има за цел да обезбеди амнестија за сите нивни функционери и да си замине, а Апасиев му е спотер во целиот процес, како човек кој преку Шарената револуција ги донесе на власти го овозможи подоцнежниот грабеж кој се случи.

И СДС и ДУИ, но и нивните спотери од Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат, без разлика и колку амнестии да си донесат или закони да си сменат“, изјави Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана