Преплашени Британци панично избегаа од водата откако беше забележана ајкула како се движи низ плитките води на шпанска плажа.
Британски туристи и локални жители уживале во пливање на плажата во Малага, кога на 27 јуни е забележана ајкула како плива во близина на туристите.
Terrified Brits flee popular beach as shark spotted in shallow waters https://t.co/K6Qx69ppN2 pic.twitter.com/A6SenASRyC
— The Mirror (@DailyMirror) July 7, 2023
Десетици луѓе се обидуваа да излезат од водата и да најдат сигурност на брегот, бидејќи беше забележана ајкула како плива низ брановите во крајбрежното одморалиште.
Ова беше петто вакво видување за еден месец. Пред само неколку дена уште една ајкула предизвика паника на плажата Понтеведра.
Британска туристка која беше на одмор со семејството на социјалните мрежи постави видео од застрашувачки сцени.
@emmcewan Shark at Torremolinos beach this morning 🦈😳 #shark #beachday #holiday #torremolinos #malaga #spain #ohno #jaws #fypシ #foryoupage ♬ Oh No – Kreepa
Зборувајќи за „Сан“ таа рече: „Беше малку изненадувачки бидејќи сите сме ги гледале филмовите, но никогаш не очекувате да бидете во морето кога ќе ги видите тие перки“.
Таа додаде: „Група луѓе почна да се собира на плажа додека бевме во морето и јас помислив „не ми се допаѓа, не ми се допаѓа“, бидејќи секогаш кога ќе се собере толпа на плажата тоа обично значи дека нешто не е во ред“.