Утрински Весник
Македонија

Кривична за три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за над три милиони денари

Drvokratci.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и против Г.П.(50) од Кичево, вработен во ЈП „Национални шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2024 и 2025 година, првопријавениот склучил купопродажни договори за огревно дрво со Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Лопушник – Кичево, а потоа на 27.08.2025, врз на основа на договорите, четвртопријавениот Г.П. изготвил испратница во која внел невистинити содржини и како таква третопријавениот Б.Б. ја искористил како доказ во правниот сообраќај и ги превезувал дрвата со товарно возило „ман“ без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.


Покрај ова, пријавеното правно лице извршило кражба на дополнителни 852.5 кубни метри огревни дрва, со што е нанесена материјална штета на буџетот на ЈП „Национални шуми“ во висина од околу 3.191.760 денари.

Можете да прочитате

Сексуален напад во Затворот во Штип: Осуденик пријавил дека бил силуван од друг затвореник

Зајкова: Отворените листи се можност граѓаните сами да ги избираат своите претставници, а не партиските лидери

ТИТАН Усје со нов портал за животна средина ја зајакнува транспарентноста и ќе објавува средно-дневни вредности од емисиите