Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ со порака до турскиот народ: Останете силни во ова тешко време

(Видео) Ѓоковиќ со порака до турскиот народ: Останете силни во ова тешко време

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сочувствува поради трагедијата што ги снајде турскиот и сирискиот народ, по разорниот земјотрес што ги погоди земјите.

dobivaj vesti na viber

Повеќе од 33.000 луѓе загинаа, а многумина се уште се под урнатините на градовите и населбите кои беа најтешко погодени од страшниот земјотрес што се случи во понеделникот, во јужниот дел на Турција и во Сирија.

„Здраво на сите, еве ме со мојот пријател Јусуф во Белград и би сакал да ги испратам моите најдобри желби и поздрави до луѓето во Турција кои минуваат низ многу тешки времиња. Ги видов фотографиите, ги видов снимките од последиците од разорниот земјотрес за сите семејства и луѓе, и моето срце е со сите и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе закрепнат заедно многу брзо. Најдобри желби и останете силни“ – рече Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Просечната карта за финалето на Мундијалот чини 10.000 евра, а најскапата е колку еден стан

Битка за бронза, престиж и Златна копачка, Франција и Англија во утешното финале на Светското првенство

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари