Утрински Весник
Спорт

(Видео) Ѓоковиќ доби шише во глава и завршил во болница

Clipboard05 830x0 1.jpg

Првиот светски тениски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ во Рим, доби шише во глава кое беше фрлено од трибините додека даваше автограми. Инцидентот се случи по победата на Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Рим, над Французинот Корентин Муте 6:3, 6:1. Додека најдобриот во светот давал автограми од трибините излетало шише со вода кое завршило во неговата глава. Ѓоковиќ од болка паднал на земја, додека луѓето од организацијата притрчале да му помогнат. Новак останал долго да лежи, што јасно покажува дека шишето било полно и прилично тешко, а ударот бил многу болен. Според некои новинари од местото на настанот, Ѓоковиќ има расекотина на главата. Како што пишува „Спортмесиасет“, српскиот ас веднаш бил пренесен во болница на преглед, имал благи вртоглавици, но генерално се чувствува добро. Се шпекулира и дека се работи за случајност, а шишето испаднало од ранецот на гледач од трибините и завршило со главата на Новак. Ова го потврди и организаторот кој соопшти дека инцидентот се случил кога едно дете се наведнало преку оградата за да му даде на Ѓоковиќ тетратка на потпис, а од ранецот на детето испаднало алуминиумско шише со вода и завршило во главата на Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл