Утрински Весник
Македонија

(Видео) Нови километарски колони: Ни шест ленти не се доволни за да нема застој на границата со Грција

(Видео) Нови километарски колони: Ни шест ленти не се доволни за да нема застој на границата со Грција

Дупло поголеми гужви на граничниот премин „Богородица“ за излез од Македонија има од рано утринава. За разлика од вчера, кога имаше само три колони со возила, утринава се отворени шест ленти и пунктови, но гужвите за чекање се километарски. Еден од пунктовите е само за автобуси.

dobivaj vesti na viber

Како и изминатиов месец, граѓаните имаат поплаки што на високите температури, службите ги задржуваат на граница и има долго чекање. За дел од нив е несфатливо како може скоро два часа да не можат да поминат граница.

Еден час се чека и за влез во Македонија, на истиот граничен премин.

Можете да прочитате

ЛДП: Мегаскандалот Михаилова е доказ за ерозија на институциите и го дозакопува нашето европско досие

Не дарувал ни капка крв, а добил шест дена платено отсуство – полицаец заработи кривична пријава

Возел со 185 км/ч таму каде што дозволената брзина е 100 – Црногорец уапсен на Табановце