Утрински Весник
Свет

(Видео) Нов гаф на Бајден: Тој вели дека неговиот син го загубил животот во Ирак

(Видео) Нов гаф на Бајден: Тој вели дека неговиот син го загубил животот во Ирак

За време на говорот во американската сојузна држава Колорадо во средата, американскиот претседател Џо Бајден по грешка рече дека неговиот син, кој почина од рак во 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.

dobivaj vesti na viber

„Само замислете. Ова го кажувам искрено. Ова го кажувам како татко на човек кој ја доби Бронзената ѕвезда, Медалот за истакната служба и кој го загуби животот во Ирак“, рече американскиот претседател, прогласувајќи го армискиот камп Хејл за национален споменик.

Најстариот син на американскиот претседател, Бо Бајден, служеше во Ирак во 2008 и 2009 година. Шест години подоцна, тој почина на 46-годишна возраст од рак на мозокот во САД, пренесува „Јутарњи лист“.

Според новинарските написи, Џо Бајден претходно сугерираше дека ракот на неговиот син можеби е предизвикан од изложеност на токсични материи ослободени за време на согорувањето на отпадот во американските воени капацитети, вклучително и оние во Ирак.

Можете да прочитате

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти

Зошто Трамп ја презема контролата врз полицијата и ја испраќа Националната гарда во Вашингтон?