Утрински Весник
Магазин

Пирс Броснан не ги трга рацете од сопругата на премиерата на „Црниот Адам“

Пирс Броснан не ги трга рацете од сопругата на премиерата на „Црниот Адам“

Пирс Броснан не ја испушти од рака својата сопруга Кили Шеј Смит на свечен настан во Њујорк во средата, на премиерата на Black Adam.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот Џејмс Бонд (69) не можеше да се одвои од својата сопруга новинарка (59) со која е во брак 21 година. Вљубената двојка се држеше за раце  на црвениот тепих во AMC Empire 25.

 

Пирс во новиот филм – акција, научна фантастика – го глуми ликот Кент Нелсон, кој му се придружува на Доктор Фејт како дел од т.н. американското друштво на правдата – група суперхерои кои се обидуваат да го запрат убиственото дивеење на насловниот лик, кого го глуми Двејн Џонсон.

Ирскиот актер изгледа отмено на премиерата со кадифено смокинг палто во индиго сина боја, и Кили има фустан во слична нијанса за да му парира на сопругот.

Можете да прочитате

Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште

Џорџ Клуни доби „Златен лав” за животно дело во Венеција

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк