Утрински Весник
Македонија

(Видео) „Ниту една повеќе“ протест против насилството врз жените и молкот на институциите

Nituednapoveke.jpg

Под мотото „Ниту една повеќе“ стотици граѓани денеска се собраа во Скопје да протестираат поради свирепото убиство на Росица Нацева од Велес, од страна на нејзиниот поранешен партнер.

Протестот започна пред Министерството за внатрешни работи од каде беа испратени пораки дека бројот на фемициди се зголемува од година в година и дека жените не се чувствуваат доволно заштитени.


„Застануваме на улица затоа што насилството мора да престане. Ги обжалуваме сите жени кои беа убиени додека институциите молчеа, Додека жените живеат во страв, насилниците остануваат на слобода“ порача една граѓанка пред МВР.

Од МВР протестот продолжи пред Собранието, каде демонстрантите ја блокираа фреквентната сообраќајница во надеж дека инситуции повеќе нема да игнорираат туку ќе дејствуваат во заштита на жените.

„Фемицидот не е слуачен настан, тој е краен резултат на еден сиџир на насилство“ рече граѓанка пред Собранието, додавајќи дека никој не смее да молчи пред насилството.

Можете да прочитате

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег” во реформите за забрзана ЕУ интеграција

Tешко повредена тинејџерка, падна во отвор за лифт во зграда во изградба

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација