Утрински Весник
Економија

(Видео) Некои од рафтовите со евтин леб останаа празни и покрај обврската од Владата, брашно ретко се купува

(Видео) Некои од рафтовите со евтин леб останаа празни и покрај обврската од Владата, брашно ретко се купува

Некои од рафтовите за леб во поголем дел од маркетите и денеска се празни. Белиот и полубелиот леб, кој треба да се продава по цена од 33 денари, остана само пуста желба за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Фер цените за лебот, што ги најави министерот Бектеши, останаа само празни зборови. Барем тоа го покажува сликата во маркетите во кои беше екипа на „Макфакс“.

Според забележаното на терен, екипата на Макфакс“ регистрира маркети, каде што полиците на кои треба да биде лебот по цена од 33 денари се празни, но тоа не важи и за лебот што се продава по цена повисока од таа.

Граѓаните се исправени пред одлуката или да купуваат скап или да прават домашен леб. Во маркетите брашното не се продава бргу како што беше за време на пандемијата на коронавирусот.

Во паника граѓаните на касите во маркетите се информираат од вработените дали кризата со леб ќе продолжи и добиваат уверување од нив дека леб ќе има и дека нема потреба од страв.

Се чини дека војната меѓу трговците и власта продолжува. И премиерот како и народот остана разочаран од некои од производителите за кои рече дека има и такви што лебот кој треба да биде со пониска цена во доцните ноќни часови го продавале и по 50 денари.

Сепак, како што најави, компаниите што нема да ја почитуваат новата одлука на Владата и не сакаат да произведуваат и доставуваат леб по замрзната цена – ќе бидат казнети.

Можете да прочитате

Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти

Во првите два месеца од 2025 година извозот 1,229 милијарди, а увозот 1,834 милијарди евра

УЈП: Инкасирани 37,4 милиони евра повеќе приходи во буџетот во споредба со јули минатата година