Утрински Весник
Македонија

Нови ратраци за Попова Шапка и Копанки

Нови ратраци за Попова Шапка и Копанки

„Елем Турс“ изврши набавка на три нови ратраци за потребите на ски центрите Попова Шапка на Шар Планина и ски центарот Копанки на Пелистер.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за две машини Pisten Bully 600 и една Prinoth Everest, кои наскоро ќе пристигнат во Македонија. Со оваа инвестиција како што изјави директорот Адем Авзиу значително ќе се подобрат перформансите за квалитетна обработка на снегот, а со тоа и подобрени скијачки услови на ски патеките.

 

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири