Утрински Весник
Спорт

Конечна одлука – Фирмино ќе го напушти Ливерпул

Конечна одлука – Фирмино ќе го напушти Ливерпул

Роберто Фирмино, донел одлука по осум години да го напушти Ливерпул. Оваа вест ја објави трансфер инсајдерот, Флоријан Плетенберг. Новинарот напиша дека, во петокот, Бразилецот одлуката му ја соопшти на тренерот Јирген Клоп.

dobivaj vesti na viber

Договорот на Роберто Фирмино со Ливерпул истекува на 30 јуни, што значи дека тој без оштета ќе го напушти „Енфилд“.

Доаѓањето на Дарвин Нуњез минатото лето и Коди Гакпо во јануари, веројатно влијаеле на одлуката што ја донесе Фирмино.

Покрај овие двајца, Клоп од напаѓачите ги има Мохамед Салах, Диого Жота и Луис Дијаз.

Фирмино има 31 година, тој во Ливерпул пристигна во летото 2015 година за 41 милион евра од Хофенхајм, а досега одигра 352 натпревари, со 107 гола и 78 асистенции.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија