Утрински Весник
Магазин

(Видео) Наскоро доаѓаат летните блокбастери

(Видео) Наскоро доаѓаат летните блокбастери

Сезоната на летните блокбастери е на самиот агол, а филмските студија се подготвуваат да ја маѓепсаат публиката со своите најнови понуди.

dobivaj vesti na viber

Додека љубителите на добар филм со нетрпение ги очекуваат новите филмови во следните неколку месеци, таблоидите подготвија водич за најочекуваните филмови ова лето.

Малата сирена (The Little Mermaid) – најнова адаптација на „Дизни“ на еден од познатите анимирани филмови од 90-тите. Хали Бејли ја портретира сирената Ариел која сака да биде дел од човечкиот свет. Мелиса Мекарти ја глуми морската вештерка Урсула. Им се придружуваат и Хавиер Бардем како кралот Тритон и Џона Хауер Кинг како принцот Ерик. Премиерата е на 26 мај.

Спајдермен“ (Spider-Man: Across the Spider-Verse) – 2 јуни.  Долгоочекуваното продолжение на „Спајдермен“ од 2018 година конечно е тука по половина година одложување. Ги следи авантурите на Мајлс Моралес како човек-пајак, потопувајќи го во светот на метаверзумот и другите верзии на Спајдермен.

„Бугиман“ – во режија на Роб Севиџ доаѓа на 2 јуни. Филмот е адаптација на кратката приказна на Стивен Кинг од 1973 година за две сестри кои се борат против злонамерен инвазивен ентитет кој лови ожалостени семејства.

„Трансформери: Подем на ѕверовите“(Transformers: Rise of the Beasts) – 9 јуни. Серијалот „Трансформери“ добива нов слој боја со вториот приквел, кој е под големо влијание на приказната за војните на ѕверовите. Филмот, сместен во 1994 година, следи археолози од Бруклин кои се вплеткуваат во древен конфликт помеѓу три фракции: Максимали, Предаконите и Терорконси.

Два научнофантастични филови, „Елементал“ и „Флеш“, пристигаат на 16 јуни.

„Астероид сити“ (23 јуни), вселенска бајка во режија на Вес Андерсон, кој собира неколку славни имиња како Џејсон Шварцман, Скарлет Јохансон, Џефри Рајт, Тилда Свинтон, Брајан Кренстон, Едвард Нортон и Том Хенкс. Дејствието се одвива во измислен пустински град во САД во 1955 година.

„Нема лутење“ (No Hard Feelings) – 23 јуни. Ккомедијата за полнолетство се враќа во стил, предводена од оскаровката Џенифер Лоренс. Во оваа приказна, родителите на неприлагодлив тинејџер ангажираат банкротирана жена-возач на „Убер“ да му биде „девојка“. Покрај Лоренс, глумат и Метју Бродерик, Лаура Бенанти, Ендрју Барт Фелдман и Натали Моралес.

„Индијана Џонс и бројчаникот на судбината“ – 30 јуни. Режисерот Џејмс Манголд ја презеде сагата „Индијана Џонс“ за последното појавување на Харисон Форд како славен археолог. Indiana Jones and the Dial of Destiny е сместен во 1969 година, во поздина на вселенска трка и американска влада која регрутира поранешни нацисти за да помогнат да се порази Советскиот Сојуз.

„Невозможна мисија: Одмазда – Прв дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One) доаѓа на 12 јули. Хејли Атвел, Есаи Моралес и Пом Клементиеф од „Чувари на галаксијата“ се приклучуваат на седмото продолжение на серијалот Mission: Impossible, а покрај Том Круз се враќаат и Винг Рејмс, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Ванеса Кирби, па дури и Китриџ на Хенри Черни од оригиналниот филм од 1996 година.

Засега не се знае многу за заплетот, но на гледачите им е ветено дека ќе го видат најголемиот трик во историјата на киното додека Круз скока од карпа со моторцикл.

Круз е познат по изведувањето на драматични акробации, така што нема никаков сомнеж дека тој е совршениот Итан Хант. Кој друг актер би ја презел улогата од некој што пронаоѓа возбуда во извршување дела кои ѝ пркосат на смртта.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик