Утрински Весник
Свет

(Видео) Над 150 повредени во судир на возови во Шпанија

(Видео) Над 150 повредени во судир на возови во Шпанија

Повеќе од 150 патници се повредени во судир на два воза што се случи утринава во близина на Барселона, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Итната помош соопшти дека досега се пријавени околу 150 полесно повредени, додека петмина се здобиле со малку посериозни повреди, пренесуваат медиумите.

Портпаролката на итната помош потврди дека на местото на несреќата се испратени 18 медицински екипи. Истрагата е во тек, потврдија надлежните.

Несреќата се случила откако еден воз се судрил со крајот на друг воз на станица во Монткада и Реикак, мал град северно од Барселона. Тројца од нив поради повредите се пренесени во болница, а едно лице наводно го скршило скочниот зглоб.

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата