Утрински Весник
Македонија

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“
Ss2

Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес (7.12.2022), изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“.

dobivaj vesti na viber

При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината.

Ss1

Градежниот инспектор по увидот и затворањето на градилиштето донесе решение за отстранување на нелегалната градба, во законски предвиден рок. Доколку истата не биде отстранета, општината ќе пристапи кон административно извршување на објектот, за кое трошоците ќе паднат на товар на инвеститорот.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и сопственици да ја поседуваат целосната документација при почеток на градба. Доколку поседуваат решенија за отстранување на нелегални објекти самите да постапуваат по истите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа вечерва направи прекин на патниот правец Радовиш – Штип

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес

Стевановиќ – Маричиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи