Утрински Весник
Свет

(Видео) Москва: Белград има право да врати ограничен број полицајци и војници на Косово

(Видео) Москва: Белград има право да врати ограничен број полицајци и војници на Косово
300x250 (7)

Белград има право да врати ограничен број свои полицајци и војници на Косово, изјави денеска рускиот амбасадор во меѓународните организации во Виена, Михаил Уљанов, пренесува РТ Балкан

dobivaj vesti na viber

„Со оглед на актуелната ситуација во Косово и Метохија, би било корисно да се потсети дека во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Белград го задржува правото да врати ограничен број свои полицајци и војници во тој регион,“ напиша Уљанов на Телеграм.

Во исто време се огласи и Пекинг со поддршка за Србија во нејзините напори да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет.

“Кина посветува големо внимание на релевантните настани и ги поддржува напорите на Србија за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет,“ изјави официјалниот претставник на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, коментирајќи ја ескалацијата на Косово.

Пекинг го повика НАТО искрено да ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија и да преземе активности кои ќе придонесат за мирот, нагласи таа, и додаде дека Кина се противи на едностраното дејствување на косовските власти.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска се сретна со рускиот, а подоцна ќе се сретне и со кинескиот амбасадор во поглед на влошената ситуација на Косово, соопштија од администрацијата на Вучиќ. Во зградата на Претседателството на Србија во тек е средба на претседателот Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко.

„Го информирав амбасадорот Харченко за ескалацијата на насилството и бруталната дискриминација врз Србите на Косово и Метохија. И покрај најбруталното кршење на сите меѓународни договори, Србија ќе работи на зачувување на мирот и стабилноста, барајќи итно усвојување и спроведување на мерки кои ќе гарантираат безбедноста на Србите на Косово и Метохија, што е предуслов за каква било понатамошна дискусија со претставниците на привремените институции во Приштина“, рече Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Србите и денеска се собраа пред трите општини со мнозинско српско население на северот од Косово за да влезат на работа во зградите, но ниту КФОР ниту косовските специјалци не им дозволиле да поминат.

Припадниците на косовската полиција се уште се во зградите на општините на северот од Косово, а припадниците на КФОР формираа кордони пред нив.

Претставникот на привремената управа на општина Звечан, Драган Недељковиќ, изјави дека Србите кои вчера беа приведени во Звечан се уште не се ослободени.

Недељковиќ информираше претставниците на Српската листа сношти повторно разговарале со командантот на КФОР, кој им рекол дека чекаат документи за ослободување на приведените Срби.

„Според информациите што ги имам, тие се уште не се ослободени. Факт е дека КФОР веднаш им ги предал на Албанците“, рече Недељковиќ.

Тој додаде дека од КФОР ветиле оти сите припадници на специјалните косовски единици треба да се повлечат денеска до 15 часот.

„Дојдовме да почекаме, чекаме да доје 15:00 и сите да си заминат“, изјави Недељковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zubin Potok INFO (@zubinpotokinfo)

Во меѓувреме, на зградата на општина Зубин Поток веќе го нема знамето на Косово, кое, намесо на јарболот, беше поставен на терасата на вториот кат за да не може да се отстрани. Србите го закачија знамето на Република Србија на столб пред општината.

На кружниот тек во Грачаница, пак, кај споменикот на Милош Обилиќ, поставено е ново знаме на Србија откако старото било запалено во текот на ноќта.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска соопшти дека палењето на српската тробојка во Грачаница е налудничава забава од омраза.

„Ноќеска албански екстремист во Грачаница ја запалил српската тробојка во својата налудничава забава од омраза инспирирана од нападод на терористите на Курти врз српскиот голорак народ на северот на Косово и Метохија. Србите веднаш го заменија знамето со ново, бидејќи омразата никогаш нема да биде посилна“, напиша Петковиќ на Твитер.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња