Утрински Весник
Свет

(Видео) Моќната бура Фиона го опустоши канадскиот брег

(Видео) Моќната бура Фиона го опустоши канадскиот брег

Штетата предизвикана од моќната бура Фиона која го опустоши канадскиот брег е без преседан и ќе бидат потребни месеци за да се обнови критичната инфраструктура уништена од невремето, изјави денеска канадскиот министер за вонредни ситуации, Бил Блер.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека обемот на она со што се занимаваме е без преседан“, изјави Блер во телефонско интервју за „Ројтерс“ на прашањето како Фиона се споредува со Доријан, бурата што го погоди регионот околу Халифакс, Нова Шкотска во 2019 година.

„Верувам дека ќе бидат потребни неколку месеци за обнова на дел од критичната инфраструктура – згради и домови, покриви кои ветерот ги однесе од центрите на заедницата и училиштата“ – додаде тој.

Преполна со ветрови од урагански сили, Фиона вчера удри во источна Канада, речиси една недела откако опустоши делови од Карибите.

Со себе донесе ветрови со максимална брзина до 150 километри на час и обилни врнежи.

Можете да прочитате

Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни