Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста

(Видео) Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ“ вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

„Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Доколку власта е свесна за своите порази, доколку мисли добро на сите граѓани тогаш без размислување ќе го распушти Собранието или Ковачевски ќе поднесе оставка на целата влада, затоа што тоа е единствениот разумен и логичен исход на ова што ни се случува. Веќе пет години имаме неодржлива ситуација, имаме влада без стабилно мнозинство и влада која дополнително нема легитимитет. Оваа влада нема капацитет да се носи со кризите кои самата ги создаде, а најмалце со политичката криза“ рече Митева на денешната прес-конференција.

Таа напомена дека „во Македонија, политичката криза се продлабочува, се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Порачуваме власта да престане со притисоци и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен“.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм