Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Притисоците кон пратеници од власта имаат контра ефект, резултираат со намалување на рејтингот на СДС

(Видео) Митева: Притисоците кон пратеници од власта имаат контра ефект, резултираат со намалување на рејтингот на СДС
Ss2

Владата на Ковачевски е влада на порази, притисоци и автократија. Власта е само слеп извршител на нарачки, единствениот начин на кој што владеат е преку притисоци и уцени, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Според неа, антивладиното расположение кај народот секој ден се зголемува со секој насилен обид на Ковачевски и СДС да се одржат вештачки на власт.

300x250 (7)

„Тоа го знаат и во СДС, тоа го знае и самиот Ковачевски. Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Прво ги навредуваа и напаѓаа медиумите, сега со истите методи удираат и по своите членови и пратеници кои се за предвремени избори.

Токму пратениците од мнозинството чувствуваат и знаат дека оваа власт треба да се смени. Затоа владата на Ковачевски користи посредници и со нападни методи ја одржува власта. Но, власта треба да знае дека ваквиот начин е обратнопропорционален од нивните намери за зголемување на мнозинството затоа што така само им се намалува рејтингот на СДС. Не далеку од денес ако СДС продолжи со погубните политики сами ќе си го постапуваат прашањето зошто голема е веројатноста да престанат да постојат“, вели Митева.

Оценува дека се поголем број членови на СДС и нивни функционери сфаќаат дека агонијата со оваа власт може да се прекине само со предвремени избори. Тие, вели таа, гледаат дека СДС се претвори во владин приврзок на ДУИ и секој ден власт со Ковачевски е лошо и за самата СДС и за Македонија.

„Никој веќе не се плаши на заканите и притисоците на оваа власт. Нивниот политички крај се ближи, а одговорноста потоа ќе дојде“, подвлекува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

ЦУК: 1 694 повици на 112 во последното деноноќие

„Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите пред софиската публика

Состојба на патиштата – 24info.mk