Утрински Весник
Магазин

(Видео) Мадона најави нови датуми за турнејата

(Видео) Мадона најави нови датуми за турнејата

Мадона ги објави датумите на концертите од презакажаната светска турнеја, додека закрепнува од бактериска инфекција поради која заврши во болница на интензивна нега.

dobivaj vesti na viber

Турнејата „Селебрејшн“ ќе започне во Лондон на 14 октомври, три месеци откако првично требаше да започне во Ванкувер, Канада.

Повеќето концерти во САД се одложени до 2024 година, со некои откажувања.

Кралицата на поп-музиката планираше да го прослави јубилејот 40 години на сцената, поточно, 40-годишнина од својот пробивен сингл, Holiday.

Наречена Celebration Tour, претстојната турнеја го означува нејзиното враќање на арените и стадионите по експерименталните, театарски настапи во рамки на турнејата „Мадам Икс“ во 2019 и 2020 година.

Некои од тие настапи беа исто така одложени или откажани поради повредите на коленото и колкот на ѕвездата, како и поради пандемијата.

Можете да прочитате

Кога е време да се фрли тавата

Дали путерот и сирењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања

Пет мали навики можат да ви помогнат да бидете посреќни секој ден