Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Судот да отпочне одземање на деловната способност на Ковачевски, мора да се знае или е неспособен или лажоман

(Видео) Ковачки: Судот да отпочне одземање на деловната способност на Ковачевски, мора да се знае или е неспособен или лажоман

Судот веднаш да постапи согласно чл. 40 од Законот за вонпарнична постапка, кој вели дека постапката за одземање на деловна способност е итна и да отпочне постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Ковачевски. Самиот факт што постојат сомнежи дека премиерот дезертер Ковачевски може да има нарушена деловна способност, а кој се темели на уверението за трајна неспособност кое сам си го поднел до АРМ треба да биде мотив за отпочнување на постапката, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Ковачки додаде дека во моменти кога јавноста будно го следи случајот, и очекува одговори, судот мора да реагира, и врз основа на членовите од 34 до 38 од Законот за вонпарнична постапка да отпочне процес за одземање на деловната способност. Јавноста мора да знае дали за премиер има трајно неспособна личност или човек кој лажел за да избегне воен рок, и за тоа приложил потврда односно лекарско уверение. Кое и да е од двете, дезертерот Ковачевски мора да си поднесе оставка.

Доколку судот не реагира, иако за тоа постои обврска, се отвора сомнеж дека го прикрива дезертерот Ковачевски. Одговорност мора да има. Судот да реагира согласно законските обврски и да отпочне процес за одземање на деловната способност,изјави Ковачки.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните