Утрински Весник
Спорт

Мото ГП ќе се вози во Казахстан

Мото ГП ќе се вози во Казахстан

Казахстан од следната година ќе биде домаќин на една трка во Мото ГП шампионатот.

dobivaj vesti na viber

Дорна спорт потпиша петгодишен договор со претставниците на Казахстан. Натпреварите ќе се одржат на новата Сокол меѓународна тркачка патека, која се наоѓа во близина на Алмати, најголемиот град во Казахстан.

Така, поранешната советска република ќе стане 30. земја која од нејзиното основање во 1949 година ќе биде домаќин на најдобрите мотоциклисти на денешницата.

Се очекува Индија наскоро да влезе во календарот на шампионатот во Мото ГП, со што овој спорт уште повеќе би добил на популарноста.

Можете да прочитате

Милан и со играч повеќе немоќен во Рим, Баер ја продолжи серијата без пораз, Ливерпул елиминиран

Македонските девојки на ЕП-2024 ќе играат во Унгарија

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали